Tanju Özkaya
23 Април 2020•Ажурирај: 23 Април 2020
АНКАРА
Министерот за образование на Турција, Зија Селчук, по повод 23 април - Националниот ден на суверенитетот на Турција и Ден на детето, го посети мавзолејот на Мустафа Кемал во Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Селчук, заедно со делегацијата што го придружуваше, со венец од црвени и бели каранфили помина низ Лавовскиот пат и пристигна до мавзолејот на Мустафа Кемал.
Откако министерот Селчук го постави венецот, се одржа едноминутен молк, по кој беше интонирана химната на Турција.
Подоцна во кулата Мисак-и Милли министерот Селчук се потпиша во книгата на мавзолејот, во која го напиша следното:

„Свети Ататурк, тука сме пред тебе да ја споделиме радоста и гордоста што со себе ја носи 23 април, овој значаен датум кога ја славиме 100-годишнината од формирањето на Големото народно собрание на Турција, Националниот ден на суверенитетот на Турција и Денот на детето.
Управувајќи ја ослободителната борба на татковината со мирен став, Големото народно собрание на Турција (TBMM) именувано и како „Собрание на ветераните“, пред светот ја прогласи решеноста и одлучноста на нашата нација на нејзиниот пат кон независност и своја иднина, директно врз себе го презеде развојот на националната волја и станувајќи симбол на нашето единство и солидарност.
Деноноќно работиме со сета наша сила за да придонесеме за животите на сите наши деца. Вложуваме големи напори нашите деца да ги израснеме во генерации кои ќе бидат врзани кон своите национални и морални вредности, ќе бидат отворени кон универзалните вредности, ќе имаат знаења и вештини со кои ќе му дадат правец на своето време, ќе бидат интелигентни, совесни, мудри. Даваме сѐ од себе да ја издигнеме нашата земја на ниво над современата цивилизација.
Денеска со голема гордост го славиме овој значаен ден што им го подаривте на децата, а кои овие денови се во своите домови, но нивните срца тука пред вас чукаат заедно со нашите. Во чест на 100-годишнината од безусловната доминација што ѝ е дадена на нацијата, Ви изразуваме длабока благодарност што ни го подаривте овој ден. Душата нека Ви е блажена.“
- Превентивни мерки провив Ковид-19 преземени за време на посетата
Делегацијата што во посетата на мавзолејот го придружуваше министерот за образование, Селчук, оваа година беше во ограничен број поради пандемијата на Ковид-19.
Членовите на делегацијата носеа маски, а при движењето по Лавовскиот пат, поставувањето на венецот и за време на потпишувањето во книгата во мавзолејот се одржуваше физичка дистанца.