Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
29 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
АНКАРА
Турскиот министер за образование, Зија Селџук, денеска изјави дека учењето на далечина во земјата ќе продолжи до 31 мај како дел од мерките за спречување на ширењето на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Турција, емитувањето на училишни предавања во рамките на мерките за учење од далечина, со цел спречување на ширењето на новиот вид коронавирус, за првпат започна на 23 март, кога турскиот министер за образование, Зија Селчук, го започна првиот час за милиони ученици.
Предавањата на далечина се достапни онлајн и на телевизија.
Селџук изјави дека во првите 15 дена од учењето на далечина, бројот на лекции преку Информациската мрежа за образование надмина 650.000.
„Само 150.000 од овие лекции беа во рамките на првата недела, а овој број се искачи на 500.000 во втората недела. Воспоставуваме нова димензија на образованието со тоа што ќе предадеме речиси 200.000 лекции за време на викендот“, додаде Селчук.
На 13 март Турција објави дека наставата во сите образовни објекти, од основните училишта до универзитетите, ќе биде привремено прекината за да се сузбие ширењето на вирусот во земјата.
Во Турција, во моментот се забележани 114.653 случаи на заразување, вкупниот број на починати во земјата изнесува 2.992, а излекувани се 38.809 пациенти.