Seda Sevencan,Faruk Zorlu
24 Јули 2020•Ажурирај: 25 Јули 2020
АНКАРА
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа денес изјави дека во Турција до сега се направени 4,5 милиони тестирања на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупниот број на тестови на Ковид-19 во Турција се искачи на 4.489.360, при што во последните 24 часа се направени 42.986 тестирања.
„Во последните 24 часа се регистрирани 1.009 оздравени лица“, соопшти Коџа на Твитер.
„Во текот на изминатиот ден се регистрирани 937 нови случаи на заразување со Ковид-19, при што вкупниот број на заразени изнесува 224.252“, додаде министерот Коџа.
Цитирајќи ги податоците на Министерството за здравство, Коџа изјави дека вкупниот број на оздравени лица се искачил на 207.374.
Бројот на починати од вирусот во земјата се изнесува 5.580, при што во последните 24 часа се пријавени 17 нови смртни случаи.
Министерството за здравство на Турција објави дека вкупно 1.248 лица се наоѓаат на интензивна нега ширум земјата.
Откако за прв пат се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година, над 15,56 милиони случаи на заразување на Ковид-19 се пријавени во светот, додека бројот на оздравени од вирусот се искачи на 8,89 милиони, покажуваат податоците собрани од американскиот универзитет Џон Хопкинс.
Вкупниот број на починати во светот од последиците на вирусот изнесува над 634.500 лица.