Bojana Stojanovic
24 Јули 2020•Ажурирај: 25 Јули 2020
БЕЛГРАД
Во Србија во последните 24 часа животот го загубија 10 лица од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19), а детектирани се 409 новозаразени. Досега во земјата се хоспитализирани 4.575 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Регистрини се вкупно 22.852 случаи на зараза.
Во последното деноноќие тестирани се 10.634 лица, од кои 409 биле позитивни на коронавирусот.
На респираторни уреди се поврзани 167 пациенти.
Во изминатите 24 час животот го загубија 10 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 518. Процентот на смртност изнесува 2,27%.
Досега се тестирани 601.984 лица.