Agim Sulaj
24 Јули 2020•Ажурирај: 25 Јули 2020
ПРИШТИНА
Во Косово починаа уште 6 пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 164, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Според соопштението, откриени се уште 213 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 6.680.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 494 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово се направени вкупно 33.289 тестирања за вирусот.
Од коронавирусот во Косово излекувани се вкупно 3.614 лица. Моментално има 2.902 активни случаи.