Islam Doğru
24 Јули 2020•Ажурирај: 25 Јули 2020
ЊУЈОРК
Во последните 24 часа во САД од последиците на Ковид-19 починаа 1.164 лица, односно до сега вкупно 147.364, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД и понатаму се земја со најмногу заразени и починати од Ковид-19. Податоците на „Worldometer“, интернет страницата на која се достапни информации за епидемиолошката ситуација во светот, покажуваат дека во последните 24 часа бројот на заразени е поголем за 69.231. Во САД со Ковид-19 до сега се заразени 4.171.378 лица.
Во последните 24 часа од последиците на заразувањето починаа 1.164 лица, односно вкупно 147.364.
Покрај трендот на паѓање во бројките на новозаразени и починати на дневно ниво, Њујорк и понатаму е најпогодена сојузна држава во САД. Во Њујорк до сега со Ковид-19 се заразени 437.529 лица, додека од последиците на заразувањето починале 32.656.
По Њујрок следуваат Калифорнија (со повеќе од 432.000 заразени) и Флорида (со речиси 390.000 заразени). Во САД на присуство на Ковид-19 се извршени повеќе од 51,5 милиони тестирања, додека бројот на оздравени надмина 1,9 милиони.