Cüneyt Karadağ
24 Јули 2020•Ажурирај: 25 Јули 2020
БЕРЛИН
Германските власти планираат на аеродромите да постават станици за тестирање за луѓето кои доаѓаат од земјите со висок ризик да можат да се тестираат на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во план е и да се овозможи луѓето кои ќе дојдат во земјата, бесплатно да се тестираат на друго место во рок од три дена.
Одлуката на Министерството за здравство на 16 германски сојузни држави е донесена поради загриженоста дека луѓето можат да го донесат вирусот по враќање од летниот одмор. Исто така постои загриженост дека нема сите кои ќе се враќаат од некои од земјите од долгата листа на оние кои се прогласени за високоризични да отидат во самоизолација на 14 дена, која е пропишана со исклучок во случаите кога лицето е негативно на Ковид-19.
Министерката за здравство на Берлин Дилек Калајчи вели дека сакаат да ги повикат сите луѓе кои се враќаат во Германија да се тестираат.
Калајчи рече дека властите имаат намера повторно да воведат „картички за отстранување на забрана“ за луѓето кои доаѓаат со авион, но и за луѓето кои доаѓаат со брод или прекуграничен воз или автобус. Целта е да се вршат проверки на лице место за оние кои пристигнуваат во земјата за да се обезбеди почитување на правилата од страна на лицата кои доаѓаат од подрачјата со визок ризик.
Тестирањето на новиот Ковид-19 веќе се прави и на аеродромите во Турција, како и на граничните премини при влез во таа земја.