Addis Getachew Tadesse
24 Јули 2020•Ажурирај: 25 Јули 2020
АДИС АБЕБА
На африканскиот континент бројката на лица позитивни на коронавирусот достигна 787.501, соопшти африканскиот Центар за контрола и превенција на болеста, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројката на смртни случаи предизвикани од заразеност со коронавирус на африканскиот континет е зголемен на 16.697, покажуваат најновите податоци, додека оздравеа 446.082 заразени.
Во јужниот дел на Африка детектирани се 424.200 случаи на заразеност со Ковид-19, во северниот 143.300, во западниот 114.000, во источниот 61.800 и во централниот 42.200.
Најголем број на смртни случаи предизвикани од коронавирусот се регистрирани во Јужноафриканската Република, вкупно 6.400.