Burak Bir,Fahri Aksüt
15 Јуни 2020•Ажурирај: 16 Јуни 2020
АНКАРА
Во Турција денес се потврдени 947 оздравени лица од Ковид-19, со што вкупниот број на оздравени се искачи над 152.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на лица кои оздравеа од Ковид-19 изнесува 152.364, додека 722 пациенти се наоѓаат на интензивна нега, изјави турскиот министер за здравство“, Фахретин Коџа, цитирајќи ги податоците на Министерството за здравство.
Истакнувајќи ја важноста за почитување на правилата за борба против Ковид-19, Коџа рече дека зголемувањето на случаите со Ковид-19 се засилува во специфични региони.
„Во однос на вчерашниот ден, бројот на заболени е зголемен за 30, бројот на пациенти на интензивна нега се зголеми за 5 и бројот на интубирани пациенти е зголемен за 1“, додаде тој.
Бројот на починати пациенти од последиците на вирусот се искачи на 4.825, при што во последните 24 часа се забележани 18 нови смртни случаи.
Во Турција веќе седум дена по ред се регистрирани помалку од 20 смртни случаи на дневно ниво.
Здравствените работници извршија 42.032 тестирања на присуство на вирусот во текот на изминатиот ден, со што вкупниот број на направени тестирања изнесува над 2,67 милиони.
Според резултатите на тестовите, вкупниот број на потврдени случаи на заразување со Ковид-19 достигна 179.831, при што заразени се 1.600 нови лица.
Откако за прв пат се појави во Кина во декември минатата година, коронавирусот се прошири во најмалку 188 земји и региони.
САД и Бразил во моментов се најтешко погодени земји.
Од пандемијата починаа повеќе од 434 илјади, детектирани се повеќе од 8 милиони потврдени случаи на заразување и над 3,8 милиони излекувани лица.