Турција, Коронавирус

Турција: Бројот на излекувани лица од Ковид-19 се искачи на 117.602

Во последните 24 часа починаа уште 32 лица како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.491 пациент

Barış Gündoğan  | 23.05.2020 - Обновена : 25.05.2020
Турција: Бројот на излекувани лица од Ковид-19 се искачи на 117.602

АНКАРА

Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 117.602, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 40.178 тестирања за Ковид-19, од кои 1.186 лица сe позитивни на овој вирус.

Во последните 24 часа починаа уште 32 лица како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.491 пациент.

Во Турција се извршени вкупно 1.807.673 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 155.686 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.308 лица.

На интензивна нега се наоѓаат 775 лица, додека вкупно се излекувани 117.602 лицa.

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.

„Продолжува падот на бројката на пациентите кои беа во тешка состојба. Нашиот нов начин на живеење е: контролиран социјален живот, и заедно преземање на мерки. Услов за тоа е: маска и социјална дистанца од 1,5 метри“, напиша Коџа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın