Tanju Özkaya
17 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 109.962, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 35.369 тестирања за Ковид-19, од кои 1.368 лица сe позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 44 лица како последица на оваа пандемија, додека се излекувани се уште 1.825 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 1.624.994 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 149.435 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.140 лица.
На интензивна нега се наоѓаат 914 лица, додека вкупно се излекувани 109.962 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција
„Тие денови кога останавме дома имаат многу голема улога во борбата против ширењето на коронавирусот. Утре и задутре да останеме дома“, напиша Коџа.