İlyas Tayfun Salcı
17 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 170 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 34.636, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација на дневна прес-конференција ја потврди Министерот за економија на оваа земја, Алок Шарма.
Тој нагласи дека во последните 24 часа како резултат на Ковид-19 починале 170 лица.
Со ова, вкупниот број на починати поради Ковид-19 во Велика Британија се зголеми на 34.636.
Во последните 24 часа се откриени уште 3.142 случај со Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се зголеми на 243.303.
Исто така, во последните 24 часа во земјата се направени 91.206 тестирања за Ковид-19, со што бројот на вкупно извршени тестирања во земјата се зголеми на 2.580.769.
Шарма рече дека во денешната бројка на откриени случаи не се вклучени бројките од Северна Ирска поради технички проблем кој настанал со собирање на податоците за новите случаи во оваа земја.