Barış Seçkin
17 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 145 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 31.908, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 68.351 активен случај на коронавирус, додека вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 225.435.
Денес се излекувани 2.366 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 125.176 лица.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 145 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 31.908 лица.
Според соопштеното, 762 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 3.004.960 тестирања за Ковид-19.