свет, Коронавирус

Трамп: „Следните две недели ќе бидат многу тешки“

- Претседателот на САД, Доналд Трамп: „Би сакал да им препорачам на државјаните на САД да се подготват за тешките денови што претстојат во следните две недели“

Dildar Baykan  | 01.04.2020 - Обновена : 01.04.2020
Трамп: „Следните две недели ќе бидат многу тешки“

ВАШИНГТОН

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во врска со пандемијата на новиот тип коронавирус изјави: „Би сакал да им препорачам на државјаните на САД да се подготват за тешките денови што претстојат во следните две недели“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот Трамп во Белата куќа одржа прес-конференција на која изјави: „Нашата земја се наоѓа среде голем национален тест. Станува збор за тест што досега не е сретнат.“

Посочувајќи дека целиот свет се наоѓа во борба против пандемијата на Ковид-19, Трамп рече дека е многу важно луѓето и деловните субјекти да ги исполнат своите одговорности.

Трамп подвлече дека мерките што се преземаат во моментов се подготовка за подобра иднина и додаде: „Придржувањето кон мерките за претпазливост против пандемијата во наредните 30 дена претставува прашање за живот или смрт.“

Трамп истакна дека продолжуваат со испраќање медицинска опрема во сојузните држави, велејќи дека во моментот се подготвени 10.000 аспиратори.

Тој изјави дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби и инженерските единици, кои се дел од Армијата, продолжуваат со работата за поставување полски болници на просторот на Мичиген, Луизијана, Њу Орлеанс и Калифорнија.


- „Евакуирани 25.000 американски државјани од 50 земји во светот“

Трамп изјави дека Министерството за надворешни работи на САД работело за враќање во земјата на американските државјани што се наоѓале во странство и истакна: „Почнувајќи од 29 јануари, во земјата вративме 25.000 американски државјани од 50 земји.“

„Би сакал граѓаните на САД да се подготват за тешките денови што ни претстојат. Имаме две многу тешки недели пред нас. Се надевам дека по тој период, како што предвидуваат многу експерти, ќе ја видиме светлината на крајот од тунелот, но ова ќе бидат две многу болни недели“, истакна Трамп.

Трамп во своето обраќање пред медиумите, посочувајќи дека САД и порано се соочувале со претходно невидени нешта, го даде следниот коментар: „Ова утро ги гледав лекарите и медицинскиот персонал како одеа во болниците. Беа како војници што одат во војна. Нивната храброст е неверојатна.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın