Kasım İleri
27 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател, Доналд Трамп наводно сака да ги повлече сите американски војници од Авганистан поради опасноста од пандемијата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Американската телевизија Ен-би-си, повикувајќи се на американските официјални претставници, објави дека Трамп смета дека би било корисно да повлечат илјадници американски војници од Авганистан изложени на ризикот на пандемијата.
Во веста се вели дека сојузниците настојуваат да го одвратат Трамп од ваквите намери.
Неименуваните официјални претставици во разговор за Ен-би-си наведуваат дека ваквата одлука е можна поради што Трамп изгубил трпение поради спориот напредок на преговорите со Талибанците.
Се очекува дека САД ќе го намали бројот на војници во Авганистан на 8.500, што е во согласност со договорот постигнат со Талибанците во февруари.