Safvan Allahverdi
04 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп, говорејќи за американскиот телевизиски канал „Фокс њуз“, даде оцена за борбата против вирусот Ковид-19 и очекуваните резултати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Трамп, истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави (САД) имаат успешен процес во борбата против епидемијата, рече дека животот може постепено да се враќа во нормала во некои држави кои биле затворени од економски аспект поради преземените мерки.
Според последните проекции, Трамп одговарајќи на новинарско прашање рече дека очекува како последица на Ковид-19 во САД да починат меѓу 80.000 и 90.000 лица.
Трамп во својот говор истакна дека во однос на бројките не се во добра состојба, но не се сметаат за лоши во однос на другите земји.
Новинарите го посетија Трамп на неговата изјава од минатата недела во Белата куќа кога рече дека очекува бројот на починати да биде меѓу 60.000 и 65.000.
„Тогаш реков 65.000, сега велам 80.000 до 90.000 бидејќи бројката може многу брзо да се зголемува.“
- Според Трамп, вакцината ќе биде готова до крајот на 2020 година -
Осврнувајќи се на истражувањата за вакцината за вирусот, Трамп рече дека напорно се работи на тоа и дека ќе биде готова до крајот на 2020 година.
„Сметаме дека вакцината што очекуваме дека ќе даде резултати ќе се пронајде до крајот на 2020 година“, нагласи Трамп.