Agim Sulaj
04 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
ПРИШТИНА
Во Косово уште три лица почина поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починати од овој вирус во земјата се зголеми на 25, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Инфективната клиника при Универзитетскиот клинички центар на Косово.
Во соопштението се вели дека денес се откриени уште 11 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на случаи во земјата се искачи на 851.
Меѓу другото, денес 18 пациенти се излекувани од овој вирус, со што бројот на излекувани порасна на 381.
Денес се извршени 171 тестирање за Ковид-19, додека вкупниот број на извршени тестирања во Косово изнесува 8.287.