Dildar Baykan
28 Март 2020•Ажурирај: 28 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) САД ќе произведат или набават 100.000 вентилатори за интензивна нега, јавува Агенција Анадолија (AA).
Истакна дека веќе се преземени голем број мерки за обезбедување на потребните вентилатори неопходни за борба против епидемијата на коронавирусот.
Трамп додаде дека има големи шанси на САД да не им бидат потребни толкав број вентилатори, така што би можеле да ѝ помогнат на Италија и на другите што имаат потреба од нив.
„Во наредните 100 дена ќе произведеме или ќе набавиме 100.000 дополнителни вентилатори. Ова ќе биде трипати повеќе од годишното производство на вентилатори во САД“, рече Трамп на прес-конференцијата во Вашингтон.
Во Соединетите Американски Држави (САД) со коронавирусот се заразени над 100.000 луѓе, а над 1.500 починаа.
Бројот на заразени и смртни случаи во САД се зголемува од ден на ден, со што оваа земја ги надмина и Кина и Италија и сега е прва во светот по бројот на заразени.