свет, Коронавирус

Состојбата со пандемијата на Ковид-19 во Индија и Кина

- Во Индија продолжува високата стапка на смртност предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19), а во Кина коронавирусот е под контрола

Fuat Kabakcı  | 10.11.2020 - Обновена : 11.11.2020
Состојбата со пандемијата на Ковид-19 во Индија и Кина

АНКАРА

Во Индија продолжува високата стапка на смртност предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19), а во Кина коронавирусот е под контрола, известува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на Индија објави дека во последните 24 часа од последиците на заразеност со коронавирусот починале уште 448 лица, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи на 127.059.

Во Индија, која има над 1,3 милијарди жители, во последното деноноќие детектирани се 38.073 новозаразени, вкупно 8.591.730 од почетокот на пандемијата, додека оздравеа 7.959.406 заразени.

Според интернет-страницата „Worldometer“, Индија е втора земја во светот според бројот на заразени, а трета според бројката на смртни случаи предизвикани од коронавирусот.


- Кина

Комисијата за национално здравје на Кина соопшти дека во последните 24 часа на основниот континентален дел на Кина детектирани се 22 нови случаи на зараза со Ковид-19, од кои 21 потекнуваат од лица дојдени од странство.

Кина со популација од над 1,4 милијарди жители, во последните 24 часа не објави бројка на смртни случаи предизвикани од коронавирусот, а вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа земја изнесува 86.267.

Од појавата на Ковид-19 досега, во Кина животот го загубија 4.634 заразени, а оздравеа 81.889 паценти што беа носители на коронавирусот.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.