свет, Коронавирус

Состојбата на британскиот премиер Џонсон непроменета, не е вклучен на респиратор

„Во тимот во болницата „Сент Томас“ се едни од најдобрите лекари во земјата. Лекарите ќе донесат соодветни медицински одлуки, а притоа и ја имаат нашата целосна поддршка во неверојатно важната работа што ја прават“

Ahmet Gürhan Kartal  | 07.04.2020 - Обновена : 07.04.2020
Состојбата на британскиот премиер Џонсон непроменета, не е вклучен на респиратор

ЛОНДОН (АА) - Состојбата на британскиот премиер Борис Џонсон, кој е на Одделот за интензивна нега, е иста, но тој не е приклучен на респиратор, соопшти Мајкл Гоув, министерот за финансии, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Говорејќи на „Би-би-си“ (BBC) утрово, Гоув изјави дека состојбата на Џонсон се влошила откако вчера е примен во болница за серија тестови.

„Медицинскиот совет беше дека тој треба да се префрли на интензивна нега околу 19:00 часот синоќа“, рече Гоув. „Веднаш потоа, Кабинетот беше информиран, а секретарот на Кабинетот потоа телефонски ни ја објасни ситуацијата.“

Гоув истакна дека Џонсон не е приклучен на респиратор.

„Една од причините што е префрлен на интензивна нега е со цел медицинскиот персонал да се осигура во обезбедувањето на потребната медицинска нега“, додаде тој.“ „Во тимот во болницата „Сент Томас“ се едни од најдобрите лекари во земјата. Лекарите ќе донесат соодветни медицински одлуки, а притоа и ја имаат нашата целосна поддршка во неверојатно важната работа што ја прават.

Запрашан дали премиерот во сегашната фаза има пневмонија, Гоув рече дека нема информации за тоа.

„Ако има каква било промена во неговата состојба, [Даунинг Стрит] Број 10 ќе обезбеди земјата да биде известена“, додаде тој.

Инаку, Џонсон (55) беше хоспитализиран синоќа откако неговата состојба се влошила како резултат на коронавирусот. Тој пред 11 дена направи тест за Ковид-19 кој се покажа позитивен, по што остана во самоизолација.

Преку видеообраќање изминатиов петок тој рече дека се чувствува подобро, но високата температура не се намалила поради што е хоспитализиран.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.