Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Бројот на починати од вирусот Ковид-19 порасна на 26

Во изминатите 24 часа регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 599 лица

Husamedin Gina  | 07.04.2020 - Обновена : 08.04.2020
Северна Македонија: Бројот на починати од вирусот Ковид-19 порасна на 26

СКОПЈЕ (АА) – Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека се потврдени 5 нови смртни случаи од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 26. Потврдени се 29 нови случаи позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 599 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирусот: пациент од Куманово (52 г.), пациентка од Лабуништа, Струга (65 г.), пациентка од Челопек, Тетово (62 г.) и една пациентка од Штип (81 г.). Во Куманово дома почина уште еден пациент позитивен на вирусот на возраст од 53 години“, се нагласува во соопштението од Министерството.

Според соопштението, во изминатите 24 часа регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 599 лица.

Новите случаи со Ковид-19 по градови се во Скопје – 15, Куманово – 7, Прилеп – 1, Струга – 3 и во Кочани – 3.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 254, Куманово – 128, Дебар – 49, Штип – 20, Прилеп – 34, Тетово – 29, Струга – 28, Велес – 10, Битола – 6, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 4, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 3, Радовиш – 4, Крушево – 2 и во Кочани – 17.

Во изминатото деноноќие направени се 386 теста, со што вкупниот број на направени тестирања за Ковид-19 во земјата се зголеми на 5.879.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.