свет, Коронавирус

Иран: Бројот на починати поради Ковид-19 се искачи на 3.872 лица

Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, информираше дека во последните 24 часа починале уште 133 лица од Ковид-19, а потврдени се 2.089 нови случаи

Ahmet Dursun  | 07.04.2020 - Обновена : 08.04.2020
Иран: Бројот на починати поради Ковид-19 се искачи на 3.872 лица

Ankara

ИСТАНБУЛ (АА) - Во Иран, во последните 24 часа починаа уште 133 лица од последиците на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 3.872 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, преку иранската државна телевизија информираше дека во последните 24 часа починале уште 133 лица од Ковид-19, а потврдени се 2.089 нови случаи.

Џиханпур рече дека со ова, вкупната бројка на починати се зголемила на 3.872 лица, додека бројот на случаи се искачил на 62.589 лица.

Тој нагласи дека од вкупниот број пациенти во болниците, 3.987 се во критична состојба.

Истакнувајќи дека од вчера 2.803 пациенти се излекувани и отпуштени од болница, Џиханпур истакна дека досега вкупно 27.039 лица биле излекувани.

Портпаролот на Министерството додаде дека низ целата земја извршени се вкупно 211.136 тестови за Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın