Seda Sevencan
19 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Пет арапски земји пријавија пораст на случаите на коронавирус во последните 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со 116 нови случаи, вкупниот број на дијагностицирани случаи во Алжир изнесува 2.534, вклучувајќи 894 оздравени. Регистрирани се три смртни случаи, со што вкупниот број починати достигна 367.
Во Египет, официјалните лица регистрираа уште 19 смртни случаи со кои билансот на починати од Ковид-19 во земјата се зголеми на вкупно 224, додека бројот на заразени достигна 3.032.
Мароко во изминатите 24 часа имаше уште два смртни случаја, со што бројот на починати достигна 137, додека вкупниот број потврдени случаи со вирусот изнесува 2.685.
Здравствените власти во Ирак соопштија дека со еден смртен случај во последните 24 часа бројот на смртни случаи пораснал на 82. Во земјата има дијагностицирани 1.513 случаи на коронавирусот.
Јордан во изминатите 24 часа регистрира 6 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број се искачи на 413.
Откако за првпат се појави во Кина минатиот декември, вирусот Ковид-19 се рашири во околу 200 земји и региони низ целиот свет. Европа и САД во моментот се најтешко погодени.
Досега пандемијата зеде над 160.000 животи, заразени се над 2,3 милиони луѓе, додека повеќе од 600.000 се излекувани, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.