Bayram Altuğ
02 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
ЖЕНЕВА
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за вонредни ситуации Мајк Рајан го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека коронавирусот (Ковид-19) настанал во лабоработијата во градот Вухан во Кина, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Сигурни сме дека овој вирус е од природно потекло", рече Рајан во обраќањето на новинарите преку видеоконференција.
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесу исто така рече дека и понатаму е на сила „глобалната вонредна состојба" поради пандемијата на Ковид-19.
Изрази посебна загриженост поради ширењето на вирусот во земјите со полоши здравствени системи, додавајќи дека е потребно да им се помогне на овие држави.
Повтторно ги отфрли обвиненијата дека СЗО предоцна реагирала против епидемијата на коронавирусот.
Трамп во четвртокот изјави дека е уверен оти коронавирусот потекнува од кинеската лабораторија за вирологија, но отфрли да даде докази.