Agim Sulaj
02 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
ПРИШТИНА
Во Косово се откриени уште 7 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на случаи со Ковид-19 во земјата се зголеми на 813, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Не се регистрирани нови смртни случаи, но уште 27 пациенти се излекувани од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се зголеми на 298.
Денес во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се извршени 221 тестирање за Ковид-19, додека вкупниот број на извршени тестирања во Косово изнесува 7.644, од кои вкупно 813 резултирале позитивни на Ковид-19.
Како последица на овој вирус, во Косово починаа 22 лица.