Kasım İleri,Hakan Çopur
02 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
ВАШИНГТОН
Вториот воен карго-авион на Турција со медицинска помош за Соединетите Американски Држави (САД) за борба против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пристигна во САД, јавува Агенција Анадолија (АА).
Воениот карго авион од типит „C-130“ при турските Вооружени сили кој со инструкции на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган транспортира медицинска помош за САД, пристигна на американската воздушна база Ендрјус која се наоѓа во Вашингтон.
Првиот турски карго авион со медицинска помош за САД пристигна во вторникот. Вториот пакет со медицинска помош на Турција беше предадена на САД.
На пакетите со помош поставени се знамиња на Турција и САД, логото на турското Претседателство, како и на турски и англиска јазик се испишани се зборовите на поетот, правник и теолог Мевљана: „По безнадежноста има многу надежи. По темнината има многу сонца“.
Помошта содржи маски, скафандери, дезинфектанти, заштитни наочари и друго.
Со карго авиони на Турските вооружени сили претходно помош во медицинска опрема Турција им испрати на Шпанија, Италија, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Велика Британија и Сомалија.