Hamdi Yıldız
02 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
БЕЈРУТ (АА) - Обединетите нации (ОН) изразија загриженост поради зголеменото насилство на неодамнешните протести во Либан, кои започнаа поради растот на животните трошоци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференцијата, портпаролот на високиот комесар за човекови права на ОН, Руперт Колвил, ги повика сите Либанци да се почитува јавната и приватната сопственост и да се избегнуваат насилства.
Истакнувајќи дека од либанските безбедносни сили бара да ги почитуваат меѓународните правила и мерки во однос на употребата на сила, Колвил рече дека семејствата на оние кои ги загубија своите животи имаат право да бараат правда и да ја знаат вистината.
Еден демонстрант го загуби животот, а десетици беа повредени за време на судирите меѓу демонстрантите кои протестираа поради порастот на трошоците за живот и безбедносните сили на Либан, во северниот либански град Триполи минатиот вторник.
По инцидентите, Армијата информираше дека е започната истрага за починатото лице и дека од припадниците на Армијата повредени се 160 лица, од кои 15 се во тешка состојба.