Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Нови 333 заразени и 19 починати од коронавирусот

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.547 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.467.751 тестирањe

Ekipa  | 28.11.2021 - Обновена : 29.11.2021
Северна Македонија: Нови 333 заразени и 19 починати од коронавирусот Фото: АА/Архива

СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 333 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 215.009, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во истиот период пријавени се 19 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.547.

Институтот за јавно здравје регистрира 309 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 199.064.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 8.398.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.547 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.467.751 тестирањe.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.