Furkan Abdula
04 Август 2021•Ажурирај: 05 Август 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 164 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 156.707, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период регистрирани се три починати лица од Ковид-19, според што билансот на смртни случаи од вирусот се искачи на 5.497
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 150.440.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 770.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 5.276 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 994.490 тестирања