Fuat Kabakcı
07 Март 2020•Ажурирај: 08 Март 2020
ПЕКИНГ (АА) - Во покраина на југот на Кина се урна хотел кој служеше како карантин за лица заразени со коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Како што пишува весникот „Саут Чајна морнинг пост“ (South China Morning Post), станува збор за хотел со пет ката во градот Куанжу.
Сè уште не е позната причината за уривањето на хотелот во кој пред несреќата се наоѓале околу 70 лица.
Очевидци тврдат дека пред уривањето на зградата слушнале експлозија.
Спасувачките екипи досега од под урнатините успеаја да извлечат 28 лица.
Бројот на починати од новиот тип коронавирус Ковид-19, во Кина се искачи на 3.072 лица, а вкупниот број потврдени случаи со вирусот достигна 80.651.