Dildar Baykan
09 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе продолжи со митинзите на својата претседателска кампања кои беа запрени поради пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трамп на профилот на Твитер одговори на објавата на новинарот на Вашингтон, Екзаминер Бајрон Јорк во која Јорк ја спомна можноста за продолжување на одржувањето на митинзи, укажувајќи на големите нереди за време на протестите поради убиството на Џорџ Флојд.
„Голема побарувачка, ќе започнеме наскоро, можеби дури следната недела“, напиша Трамп.
Претседателските избори во САД ќе се одржат на 3 ноември.