Hakan Çopur
24 Мај 2020•Ажурирај: 24 Мај 2020
ВАШИНГТОН
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа од коронавирусот починаа 1.307 лица, односно од почетокот на пандемијата вкупно 97.696, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД и понатаму се земја со највеќе потврдени случаи на заразување и смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Податоците на интернет страницата „Worldometer“, на која се достапни информации за епидемиолошката ситуација во светот, покажуваат дека во САД во последите 24 часа бројот на заразени е зголемен за 24.870 и изнесува 1.647.212.
Во последните 24 часа од заразувањето со Ковид-19 починаа 1.307 лица, со што вкупната бројка на починати од овој вирус се зголеми на 97.696.
САД, според бројот на заразени го следат Русија (335.882), Бразил (334.777) и Шпанија (281.904).
Иако е се помало влијанието на заразувањето, Њујорк и понатаму останува епицентарот на заразувањето во САД.
Во таа сојузна држава досега се потврдени 367.936 случаи на заразување, а од Ковид-19 починаа 29.009 лица.
Следуваат Њу Џерси со повеќе од 154.000 случаи на заразување и Илионис со повеќе од 105.000 случаи.
На присуството на коронавирусот досега се извршени 14 милиони тестирања, а оздравија речиси 404.000 заразени.