Islam Doğru
19 Јуни 2020•Ажурирај: 20 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 752 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 120.707 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 29.184 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 2.264.862.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 752 лицa со што вкупната бројка на починати се искачи на 120.707.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 984.315 откриени случаи, Русија со 569.063 откриени случаи, и Индија со 382.497 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Калифорнија.
Во Њујорк откриени се 408.426 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 31.092 лица.
Во САД досега се направени над 26 милиони и 737 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 931.000.