Elena Teslova
18 Август 2020•Ажурирај: 19 Август 2020
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за енергетика, Александар Новак, е позитивен на вирусот Ковид-19, соопшти денес рускиот премиер, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На состанокот во градот Благовешченск, на рускиот далечен исток, Михаил Мишустин изјави дека Новак тргнал со него да се приклучи на состанокот, но заминал за Москва откако ги добил резултатите од тестот.
„Да му посакаме целосно оздравување. Тој пристигна [за состанокот], но потоа замина за Москва без да влезе на состанокот. Господ нека му даде здравје“, рече Мишустин.
Новак, кој е асимптоматски случај, продолжува да ги извршува своите должности од далечина и ќе земе учество на претстојниот состанок на ОПЕК + во среда преку видеолинк.
Инаку, премиерот Мишустин е првиот член на руската Влада кој беше заразен со Ковид-19 кон крајот на април. Позитивни на вирусот беа и тројца министри, министерката за култура Олга Љубимова, министерот за образование Валери Фалков, министерот за градежништво Владимир Јакушев и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кои подоцна беа успешно излекувани.
Бројот на случаи на Ковид-9 во Русија денес надмина 930.000, а како последица на вирусот починаа над 15.800 луѓе, додека повеќе од 742.000 се излекуваа.