Tufan Aktaş
14 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Руанда почнува со употреба на роботи за следење и пружање терапија на заразените со коронавирусот Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за здравство на Руанда соопшти дека оваа седмица ќе започне со реализација на проектот, а роботите ќе помогнат во одржувањето на физичката дистанца меѓу пациентите и лекарите.
„CRUZR роботи“ ќе можат да го следат нивото на телесната температура, кислородот и слично, и ќе овозможат комуникација помеѓу лекарот и пациентот преку видеолинк.
Не е познато колку ќе чинат роботите, а планирано е во првата фаза во болниците да бидат распоредени четири роботи. Руанда претходно соопшти дека започнува домашно производство на респиратори.
Во Руанда не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19. Досега се потврдени 286 случаи на заразени, а од вирусот се опоравија 153 лица.