Zehra Ulucak
14 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
САО ПАОЛО
Во Бразил, во изминатите 24 часа се забележани 749 смртни случаи од последиците на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на интернет-страницата „Globo.com“, Министерството за здравство на Бразил соопшти дека бројот на починати од Ковид-19 во таа земја се зголемил за 749, и дека во моментот изнесува 13.149.
Во истиот период е потврдено заразување кај 10.760 лица, со што вкупниот број на заразени достигна 188.974.
Според податоците на интернет-страницата „Worldometer“, која објавува најнови информации за пандемиајта, Бразил по бројот на заразени е шеста најпогодена земја со Ковид-19.