Emre Aytekin
18 Декември 2020•Ажурирај: 21 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Во Индија, една од земјите која е најмногу погодена од епидемијата на новиот тип на Ковид-19, бројот на дневни случаи надмина 22.000, во Јужна Кореја надмина 1.000, додека епидемијата во Кина е под контрола, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Индија, бројот на луѓето кои починале во земјата во изминатите 24 часа се зголеми на 144.789 со уште 338 смртни случаи.
Во последните 24 часа во земјата се откриени 22.890 нови случаи, вкупно 9.979.447. Оздравени се 9.521.827 лица.
Кинеската Национална здравствена комисија објави дека во последните 24 часа во континентална Кина се откриени 12 случаи на Ковид-19, од кои 11 со потекло од странство.
Во Кина од почетокот на пандемијата се регистрирани 86.789 случаи, починаа 4.634, а излекувани се 81.851 лице.
Од Јужнокорејскиот центар за контрола и превенција на болеста е наведено дека во земјата во изминатите 24 часа се откриени 1.062 нови случаи, со што вкупниот број на случаи е зголемен на 47.515.
Капацитетот на кревети за итна помош постепено се намалува. Официјалниот претставник на Министерството за здравство, Сон Јунг Рае, наведе дека во целата земја останале само 49 единици за итна помош за Ковид-19, од кои само четири во главниот град Сеул.
Во изминатите 24 часа починаа уште 11 лица, 645 вкупно од почетокот на пандемијата.
Оздравеа 33.982 лица, а активни се 12.888 случаи, вклучувајќи 246 во тешка состојба.