Erbil Başay
01 Април 2021•Ажурирај: 02 Април 2021
БЕРЛИН
Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, се вакцинира против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди прес-службата на Претседателството на Германија.
Се истакнува дека Штајнмаер во Воената болница во Берлин ја примил вакцината на „АстраЗенека“.
Според соопштеното, Штајнмаер по вакцинирањето нагласил дека има доверба во вакцините одобрени во Германија.
„Денеска ја примив првата вакцина на „АстраЗенека“. Вакцинацијата е најважниот чекор во насока на надминување на пандемијата“, рече Штајнмаер.
Шеесет и петгодишниот германски претседател упати апел до граѓаните да ги искористат можностите и да учествуваат во кампањата за вакцинација.