Emel Gözellik
08 Јануари 2021•Ажурирај: 11 Јануари 2021
ПЕКИНГ (АА) - Истражувањето спроведено во Кина откри дека десетици илјади луѓе кои не покажале никакви симптоми на вирусот за време на пандемијата во Вухан, во кинеската покраина Хубеј, каде што се појави новиот тип на коронавирус, можеби биле заразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Истражувањето кое го спроведоа научниците од лабораторијата за вирусологија на Универзитетот во Вухан и лабораторијата Вухан ЧМЛабс е објавено во списанието „ПЛОС занемарена тропска болест“.
Научниците од март до мај минатата година спроведоа тестирања на крвта за најмалку 63.000 здрави луѓе.
Како резултат на истражувањето, научниците наведоа дека за време на епидемијата на Вухан е проценето дека околу 168.000 лица биле позитивни на Ковид-19, а најмалку две третини од нив биле без симптоми.
Коронавирусот кој се појави во Вухан во Кина во декември 2019 година, се прошири во повеќе од 200 земји и региони и се претвори во пандемија.
Бројот на случаи надмина 88,5 милиони, а повеќе од 1.900.000 луѓе починаа од последици предизвикани од коронавирусот.