Islam Doğru
14 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
ЊУЈОРК
Од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во САД последните 24 часа починаа 1.533 лица со што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја се искачи на 23.649, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД стана епицентар на пандемијата на Ковид-19 во светот, каде секојдневно се зголемува бројот на заразени и смртни случаи.
Според последните информации што Универзитеот Џонс Хопкинс ги објави во врска со пандемијата на Ковид-19, во САД во последните 24 часа 25.056 лица биле позитивни на тестот на новиот тип на коронавирусот, со што вкупната бројка на заразени во оваа земја изнесува 582.634 заразени. Поради последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 во еден ден починале 1.533 лица со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата изнесува 23.649.
По САД со 582.634 заразени со Ковид-19 следи Шпанија со 172.541 заразен, Италија со 159.516 и Франција со 137.877 лица кај кои е детектиран новиот тип на коронавирусот.
Може да се забележи дека САД има поголем број на заразени со Ковид-19 од Шпанија, Италија и Франција заедно.
- Њујорк е епицентар на пандемијата во САД
Кога ќе се погледне на распространетоста на Ковид-19 во американските сојузни држави, Њујорк продолжува да е епицентарот на пандемијата на новиот тип на коронавирусот во САД. Во оваа сојузна држава последните 24 часа се регистрирани 5.858 лица позитивни на Ковид-19 со што во оваа сојузна држава вкупниот број на заразени изнесува 196.146.
По Њујорк следи Њу Џерси со 64.584, додека во Масачусетс позитивни на тестот на Ковид-19 биле 26.867 лица.
Од аспект на смртни случаи, досега во Њујорк од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирусот починаа 10.058 лица. Следат Њу Џерси со 2.443 и Мичиген со 1.602 смртни случаи.
- Вкупно излекувани 44.308 пациенти
Во САД се изработени 2.964.716 тестови на Ковид-19. Последните 24 часа од Ковид-18 се излекувале 2.437 пациенти, со што вкупната бројка на излекувани изнесува 44.308.