Erdoğan Çağatay Zontur
14 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека законот за казнени реформи во Турција со цел намалување на пренатрупаноста во затворите и заштитување на затворениците од Ковид-19, ќе ги исполни очекувањата на граѓаните, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот парламент рано утринава го ратификуваше законот за казнени реформи во Турција со цел намалување на казните на илјадници затвореници, отворајќи пат за нивно ослободување за да се олесни пренатрупаноста во затворите и затворениците да се заштитат од Ковид-19.
Реџеп Таип Ердоган соопшти дека земјата започнала со сеопфатна студија со која целосно ќе се преиспита криминалот и санкциите во рамките на казнениот законик на Турција.
Објавувањето на новиот закон ќе им овозможи на многу осуденици да ги напуштат затворите во согласност со промените во периодот на извршување, рече Ердоган и додаде: „Верувам дека овие граѓани нема да ја разочараат државата и општеството“.
„Знаеме дека имаме уште многу да работиме во потрагата по правда, бескраен идеал на човештвото“, додаде тој.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот на вирусот кон Европа и САД.
Во светот се регистрирани над 1.93 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот е повеќе од 121.000. Речиси 465.000 пациенти се излекувани.