Şenhan Bolelli
24 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
МАДРИД
Во последните 24 часа од последиците предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Шпанија починаа 367 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во оваа земја достигна 22.524, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија ги ажурираше податоците во врска со смртните случаи и заразени лица поврзани со пандемијата на Ковид-19.
По вчерашните регистрирани 440 смртни случаи во едно деноноќие, во Шпанија е забележан пад на оваа бројка, бидејќи во последните 24 часа се регистрирани 367 починати.
Забележително е дека оваа бројка претставува најмал број на смртни случаи во еден ден предизвикани од Ковид-19 од 21 март наваму (кога биле регистрирани 324 починати).
Шпанското Министерство информираше дека вкупниот број на смртни случаи во оваа земја изнесува 22.524.
Во последните 24 часа се детектирани 6.740 лица позитивни на тестот за Ковид-19, со што вкупниот број на лица кај кои е детектиран новиот тип коронавирус изнесува 219.764.
Во соопштението што го објави Министерството се наведува дека досега од заразеност со Ковид-19 се излекувале 92.355 лица.
Шпанската левоориентирана коалициска Влада поради пандемијата на Ковид-19 на 14 март воведе вонредна состојба, што потоа ја продолжи до 9 мај.
Шпанската Влада, која во првата фаза имаше воведено правило со кое децата на возраст од 14 години и помалите краткотрајно можат да излезат на улица само во придружба на еден полнолетен член на семејството, и тоа најдалеку до 1 километар од местото на живеење, планира да ја релаксира малку вонредната состојба од средината на мај.