свет, Коронавирус

Последните 24 часа во Бразил од Ковид-19 починаа 703 лица, 705 во Мексико и 871 во Индија

- Пандемијата на новитот тип на коронавирус (Ковид-19) последните 24 часа е причина за смртта на 871 заразени во Индија, 705 во Мексико и 703 во Бразил

Muhammed Emin Canik, Zehra Ulucak  | 11.08.2020 - Обновена : 12.08.2020
Последните 24 часа во Бразил од Ковид-19 починаа 703 лица, 705 во Мексико и 871 во Индија

БУЕНОС АИРЕС / АНКАРА

Пандемијата на новитот тип на коронавирус (Ковид-19) последните 24 часа е причина за смртта на 871 заразени во Индија, 705 во Мексико и 703 во Бразил, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во Бразил, која е втора најмногу погодена земја во светот од пандемијата на коронавирусот, последните 24 часа животот го загубија 703 лица како последица на заразеност со Ковид-19.

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Бразил, досега од последици предизвикани од заразеност со коронавирусот животот го загубиле 101.752 лица, од кои 703 во последните 24 часа. Во истиот период бројката на заразени е зголемена за 22.048 и вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот изнесува 3.057.470.

Државата Сао Паоло, со популација од околу 46 милиони жители, која во исто време е и центар на трговијата во Бразил, претставува најпогоден регион во земјата со 628.415 заразени со коронавирусот и 25.151 смртни случаи.

Досега во земјата оздравеа 2.163.812 лица кои претходно биле позитивни на Ковид-19.

Бразил со население од над 211 милиони жители се именува како „епицентар на пандемијата“ во Латинска Америка.


- Мексико

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Мексико, последните 24 часа од последици на заразеност со Ковид-19 животот го загубиле 705 со што вкупната бројка на починати се искачи на 53.003.

Бројката на лица позитивни на коронавирусот во Мексико изнесува 485.836, од кои 5.558 се детектирани во последните 24 часа.

Досега во оваа земја од Ковид-19 оздравеа 327.993 заразени.


- Индија

Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последното деноноќие 871 лица починале како последица на заразеност со новиот тип на коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголемил на 45.257.

Последните 24 часа детектирани се 53.601 лицe позитивни на Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на заразени на 2.268.675. Досега во Индија оздравеа 1.583.489 лица кои биле заразени со Ковид-19.

Според информациите објавени на интернет страницата „Worldometer“ која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на коронавирусот во светот, Индија е трета земја во светот според бројот на детектирани случаи на заразеност со Ковид-19, по САД и Бразил.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın