БОГОТА
Во земјите на Латинска Америка продолжува трендот на висока смртност предизвикан од новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа од последици предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), во Бразил животот го загубија 1.254 лица, 1707 во Мексико, 113 во Аргентина, 301 во Колумбија, 184 во Перу, 17 во Чиле, 34 во Еквадор, 58 во Боливија, 27 во Гватемала и 24 во Хондурас.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.254 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починале од коронавирусот се зголеми на 227.563. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 56.002, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот се искачи на 9.339.420.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а на второ место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 8.236.864 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 1.707 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 12.153 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 161.240 смртни случаи, а досега оздравеа 1.450.237 лица позитивни на Ковид-19.
Министерството за здравство на оваа земја соопшти дека досега се потврдени 1.886.245 случаи на заразување, но се претпоставува дека вкупната бројка на заразени изнесува 2.082.399.
Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а на трето место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 113 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата се зголеми на 48.539. Во истиот период детектирани се 9.196 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.952.744.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.745.208 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 301 лице, со што вкупниот број смртни случаи се искачи на 54.877.
Во последните 24 часа детектирани се 11.025 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 2.125.622. Во оваа земја досега оздравеа 1.988.958 лица заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 184 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 5.625 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.158.337, од кои починаа 41.538 лица, а оздравеа над 1.069.129 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 17 лица од последици предизвикани од коронавирусот Ковид-19, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја се зголеми на 18.576.
Во истиот период регистрирани се нови 2.610 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се зголеми на 736.645, а оздравеа вкупно 694.960 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 34 смртни случаи, вкупно 14.949 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.111 новозаразени, така што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 252.390. Досега во Еквадор оздравеа 209.814 лица кои биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 58 смртни случаи предизвикани од заразување со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 2.021.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 222.447, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 10.571. Досега оздравеа 163.338 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала
Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 27 смртни случаи предизвикани од заразување со Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 5.736. Во истиот период детектирани се 667 новозаразени, вкупно 160.966 од почетокот на заразата.
Досега во оваа земја оздравеа 146.715 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.
- Хондурас
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја животот го загубиле 24 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 3.662. Во истиот период детектирани се 1.313 новозаразени, вкупно 151.103 од почетокот на епидемијата.
Досега во оваа земја оздравеа 61.284 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.