свет, Коронавирус

Повеќе од 275.000 лица во светот се излечија од Ковид-19

Според податоците што ги објави интернет страницата „Worldometer“, повеќе од 275.000 лица во светот се ислечија од Ковид-19

Emel Gözellik  | 06.04.2020 - Обновена : 07.04.2020
Повеќе од 275.000 лица во светот се излечија од Ковид-19

АНКАРА

Повеќе од 275.000 лица во светот се излекувани откако им бил дијагностициран новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), пренесува агенција Анадолија (АА).

Интернет страницата „Worldometer“ објавува податоци во врска со распространетоста на новиот тип на коронавирусот во светот по земји, бројот на детектирани случаи, смртни случаи и бројот на излечени. „Worldometer“ објави дека според последните ажурирани податоци од Ковид-19 се излекувани 275.087 лица во светот.

Најголем број на излекувани лица има во Кина. Во оваа земја се излекувале 77.078 лица.

По Кина следи Шпанија со 40.437 излекувани лице, Германија со 28.700, Иран со 24.236, Италија со 22.837, САД со 19.245 и Франција со 16.183 лица кои биле заразени со Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın