Турција, Коронавирус

По прекинот поради Ковид-19, петочните молитви од утре повторно ќе се клањаат во џамиите низ Турција

- Првата петочна молитва во истанбулската џамија „Фатих“ ќе ја предводи претседателот на Управата за верски работи на Република Турција, Али Ербаш

Sefa Şahin  | 28.05.2020 - Обновена : 28.05.2020
По прекинот поради Ковид-19, петочните молитви од утре повторно ќе се клањаат во џамиите низ Турција

АНКАРА

Со клањањето на петочнатата молитва (џума-намаз) утре во Турција ќе започне извршувањето на заедничките молитви во џамиите, кои беа запрени во рамките на борбата против ширењето на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Првата петочна молитва во истанбулската џамија „Фатих“ ќе ја предводи претседателот на Управата за верски работи на Република Турција, Али Ербаш.

„Можеби наредната или по неколку недели ќе клањаме џума намаз и во харемот и на плоштадот на џамијата Султан Ахмет“, порача Ербаш.

Поради повторното отворање на џамиите за заедничките молитви, утре пред петочната молитва во централните џамии во Турција ќе бидат заклани 1.003 курбани и месото ќе биде поделено на луѓето на кои им е потребно.

Управата за верски работи на Турција претходно издаде препораки за однесување за време на престојот во џамиите, во согласност со мерките кои ги предвидува Министерството за здравство, а кои подразбираат носење на заштитна маска за лице, користење на сопствено сеџаде (простирка за клањање при молитва) и избегнување на физички контакт.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın