Muhammed Emin Canik,Muhammet Nazım Taşcı
27 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
АНКАРА/БУЕНОС АИРЕС (АА) - Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 555 лицa, во Индија 708 лицa, додека во Мексико 306 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 555 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 87.004 лицa.
Во земјата се откриени уште 24.578 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 2.419.091.
Бројот на излекувани лица од овој вирус во земјата изнесува 1.634.274.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Мексико -
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 306 лица.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 43.680.
Во Мексико се откриени уште 5.480 нови случаи, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата порасна на 390.516.
Досега во земјата излекувани се 251.505 лица.
Во Мексико првиот случај на Ковид-19 е откриен на 28 февруари, а првиот смртен случај е евидентиран на 19 март.
- Индија -
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 708 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 32.771.
Исто така, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 49.931 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 1.435.435.
Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 917.568 лица.