Büşra Selvi Öğütcen
27 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
АНКАРА (АА) – Во светот досега од новиот вид коронавирус, Ковид-19, оздравеа повеќе од десет милиони лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, од Ковид-19 во светот се излекуваа вкупно 10.002.421 лице.
Најмногу оздравени лица има во Соединетите Американски Држави (САД) и тоа 2.084.545, потоа следува Бразил со 1.617.480, Индија со 918.735 оздравени, Русија со 600.250, Чиле со 318.095, Перу со 263.130, Јужноафриканска Република со 265.077оздравени, Иран со 253.213, Мексико со 247.178 и Пакистан со 237.434 оздравени лица.
Во Турција досега излекувани се 209.437 пациенти.
Во светот од појавата на епидемијата регистрирани се 16.357.543 случаи на Ковид-19, а како последица на вирусот починаа 650.738 лица.
Коронавирусот кон крајот на минатата година за првпат се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗ0) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.