Muhammed Emin Canik,Fuat Kabakcı
24 Јули 2020•Ажурирај: 24 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС
Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 1.311 лицa, во Индија 740 лица, а во Мексико 718 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.311 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 84.082 лицa.
Во земјата се откриени уште 59.961 случај, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 2.287.475.
Бројот на излекувани лица од овој вирус во земјата изнесува 1.570.237.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Индија
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 740 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 30.601.
Исто така, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 49.310 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 1.287.945.
Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 817.208 лица.
- Мексико
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 718 лица.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 41.908.
Во Мексико се откриени уште 8.438 нови случаи, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата порасна на 370.712.
Досега во земјата излекувани се 236.209 лица.