İlyas Tayfun Salcı
01 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јуни 2020
ЛОНДОН
Од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во Велика Британија починаа над 39.045 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство на В.Британија Мет Хенкук на дневниот брифинг инфорираше дека во земјата од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 последните 24 часа починаа 111 лице, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 39.045.
Во последното деноноќие во В.Британија се детектирани 1.570 лица позитивни на Ковид-19, а вкупниот број на лица кај кои е детектиран новиот тип на коронавирусот се искачи на 276.332.
Вкупниот број на тестови направени во последните 224 часа во В.Британија изнесува 128.437, по што вкупниот број на спроведени тестирања на Ковид-19 се искачи на 4.484.340.
Британскиот национален здравствен систем соопшти дека во извештајот што е објавен денес вброени се 445 смртни случаи што претходно не биле внесени во вкупниот број на починати во Велика Британија.
- Прв ден по новото олабавување на мерките
Од друга страна, денес во сила стапи ново олабавување на ограничувањето кое беше воведено на 23 март како првенција во борбата со новиот тип на коронавирусот.
Во тие рамки, од денес групи од најмногу 6 лица од различни семејства можат да се состаната на отворено почитувајќи ја социјалната дистанца.
Денес како дел од олабавувањето на мерките, првоодделенците и полуматурантите започнаа со настава, а отворени се и пазарите на отворено и авто плацевите.